• Краварски пат б.б 7000 - Битола Р.Македонија
  • +389 47 208 500
  • Понеделник - Петок 08:00-16:00

Зошто да не одберете нас ?

Грижа за квалитет веќе три децении

Квалитет

Само најдоброто за Вас

Сигурност

Кога најмногу сме ви потребни

Традиција

Ваш долгогодишен партнер

Професионалност

Секогаш за Вашите тешки одлуки

За нас

Кога треба да одберете ефикасна и стабилна земјоделска, градежна или паркова механизација, не постои подобар избор од производите на СИНПЕКС. Веќе 25 години нудиме целосен асортиман на опрема за секаква примена. Без разлика на условите во кои работите, обемот и видот на работата, нашата широка палета на машини и опрема ќе го претвори и најтешкиот работен ден во непроценливо искуство. Со повеќе од 30 различни брендови под еден покрив во нашите продавници во Битола, Скопје, Струмица и Струга и дилерската мрежа ширум Македонија, се трудиме да сме се што поблиску до нашите клиенти и до нивните желби и потреби. Од самиот почеток па до денес, остана нашето уверување дека само со континуирана и напорна долгогодишна работа, насочена директно кон нашите клиенти и соработници, ќе успееме да напредуваме.

Ivanco i Hristina

Мисија и визија

МИСИЈА
Грижа за квалитетот е мотото на нашата компанија, затоа Синпекс се стреми да обезбеди механизација од врвен квалитет која ги задоволува светските стандарди. Синпекс тежнее кон супериорен квалитет на производите и услугите, како и професионалност и успешност на деловните операции. Интересите и побарувањата на нашите клиенти се од голема важност за нашата компанија затоа се стремиме да им обезбедиме различни водови на машини, механизација и опрема со врвен квалитет од светски познати брендови.
ВИЗИЈА
Нашата визија е да се развиваме како компанија со стабилна пазарна позиција која пласира различни видови на механизација во областа на земјоделството, шумарството и градежништвото како и механизација за општа употреба, со најсовремена технологија, врвен квалитет и деловни стандарди.

Sinisha i Hristina

Историја

СИНПЕКС е компанија во приватна сопственост, која егзистира од 1990 година со основна дејност застапување, продажба и сервисирање на гама на производи (механизација, машина и опрема) наменети за земјоделстството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба. Дејноста на СИНПЕКС претставува семејна традиција долга повеќе од 40 години и на илјадници корисници им претставува знак за распознавање за опрема од овој вид. Решителноста, искуството и знаењето, но и желбата за осовременување и унапредување на Македонскиот земјоделец беа главни причини на основачот, г-динот Светислав – Славко Петровиќ да основа мал бизнис во семејната куќа и ги донесе светските брендови за производство на различна механизација во нашата земја.

Достигнувања

Она што не прави поразлични од конкуренцијата е нашата желба постојано да иновираме и да се надградуваме како компанија во целост. Учењето, несебичноста, подобрувањето, помагањето и стремежот за достигнување на совршенство се вредности длабоко втемелени во нашето секојдневно делување. За тоа сведочат и бројните сертификати, дипломи, благодарници, достигнувања со кои посебно се гордееме.

Best Buy Award
Excellent
ISO 9001 ISO 14001

Сервис

Сè со цел да се намали времето на застој на машината, а да се зголеми ефикасноста и ефективноста при работата, сите наши купувачи во зависност од нивната потреба, експресно ќе ја добијат бараната сервисна услуга или совет независно дали се работи на терен, в поле или во домаќинството. Нашите сервисери се максимално достапни и постојано присутни за да одговорат најпрофесионално на вашите барања. Освен високообучениопт кадар, сервисот располага со соодветна техничка опрема за дијагностика, како и соодветен алат, но и возило за мобилен сервис кое ќе одговори на потребите за сервисирање на било кое мeсто во државата.
Контакт
Сервис СИНПЕКС Битола:
047 208-518

Dvajca serviseri

Резервни делови

Како генерален застапник на повеќе брендови, во делот на постпродажна грижа и поддршка на клиенти, нудиме и оригинални резервни делови. Само со оригинални резервни делови можете да постигнете перфекција во работењето на вашата машина, без разлика дали се работи за мали ситни тековни промени или покрупни потреби. Само оргиналните резервни делови, изработени од најквалитетни материјали ветуваат долготрајност и сигурност, а со тоа и ефикасност на машината. За да се постигне комплетност, во понудата ги ставивме и оригиналните флуиди, масла и мазива препорачани или произведени специјално за машините кои ги застапуваме. Бидејќи секогаш сме на страната на нашите клиенти и постоиме да ги задоволиме нивните потреби, во нашата компанија функционира служба специјализирана во доменот на резервни делови.
Контакт
Служба за резервни делови
047/208-537
parts@sinpeks.com.mk
nino@sinpeks.com.mk

Rezervni delovi

Брендови

Синпекс ги нуди најголемите светски брендови на домашните клиенти

Johndeer
Husqvarna
Libherr
Lavor
Gardena
Agrina
Tafe
Wacker Neuson
Lotos

Промо програми

Разгледајте ги најновите промоции на производи, програмите на ИПАРД и програмите за рурален развој

Top